Повик за експерт/ка за подготовка на анализа за ограничувачките бариери кои ги попречуваат жените од ранливите категории да се вклучат на пазарот на труд

ЦЕНА: По договор

Повик за експерт/ка за подготовка на анализа за ограничувачките бариери кои ги попречуваат жените од ранливите категории да се вклучат на пазарот на труд


Здружението Женски Форум Тетово во партнерство со Здружението Златна рака Тетово, бара заинтересирани експерти за подготовка на анализа за ограничувачките бариери кои ги попречуваат жените од ранливите категории да се вклучат на пазарот на труд во рамките на проектот “Со економско зајaкнување кон родова еднаквост” кој се реализира во рамки на проектот “Меѓугранична еднаквост и родова интеграција” на Здружението за унапредување на родоваа еднаквост Акција Здруженска Скопје во партнерство со Институтот за развој на заедницата Тетово, поддржан од ЕУ во рамки на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово
Целта на проектот е: Промовирање на економското зајкнување на жените на локално ниво како фактор за подобрување на родовата еднаквост. Преку специфичните цели на проектот ќе се настојува: да се утврдат главните фактори кои негативно влијаат на ниското учество на пазарот на трудот на жените од ранливите категории; да се олесни пристапот на жените од ранливите категории на пазарот на труд; да се воспостави соработка со сродни организации од Косово, размена на искуства, практики и предлагање решенија.
Опис на работните задачи
Целта на ангажманот е подготовка на прашалник врз основа на кој ќе бидат модерирани четири фокус групи и модерирање на четири фокус групи со долгорочно невработени жени и невработени жени од рурални средини и тоа по една во градот Тетово, с.Селце, с.Шипковица и с.Јегуновце. Прашалникот треба да овозможи утврдување на ограничувачките бариери кои ги попречуваат жените од ранливите категории да се вклучат на пазарот на труд и врз основа на истиот да се изврши проценка на мотивираноста на жените да се вклучат во натамошен процес за нивно економско зајакнување.
Ангажманот ќе вклучува и подготовка на сумарна наративна анализа за ограничувачките бариери кои ги попречуваат жените од ранливите категории да се вклучат на пазарот на труд, а врз основа на заклучоците од одржаните фокус групи.


Тип на договор и надоместок
Ангажманот се заснова на плаќање по испорачана услуга.
Патните трошоци поврзани со ангажманот ќе бидат покриени од страна на нарачателот.
Услугата вклучува 5 работни дена со следниве специфични обврски:
1. Подготовка на прашалник за утврдување на ограничувачките бариери кои ги попречуваат жените од ранливите категории да се вклучат и да учествуваат на пазарот на труд (1 ден)
2. Модерирање 4 фокус групи и тоа: една со долгорочно невработени жени од Тетово и по една со невработени жени од руралните средини: Селце, Шипковица и Јегуновце (3 дена)
3. Подготовка на сумарна анализа со резултатите од фокус групите (1 ден)

Потребни квалификации
Експертот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:
• завршено високо образование и искуство во спроведување фокус групни дискусии со маргинализирани групи
• експертиза од областа на род и родови односи
• познавање на политиките за родова еднаквост во Македонија
• претходно искуство во подготовка на исти или слични продукти
• познавање на албански јазик ќе се смета за предност
• познавање на политиките за вработување во Р.М. ќе се смета за предност

Потребна документација
Понудата треба да го содржи следново:
• Детална биографија (CV)
• Писмо за интерес со реферци за претходни и слични ангажмани
• Буџет

Критериуми за избор
Критериум за избор на експертот се:
• експертиза од областа на род и родови идноси (50 поени)
• претходно искуство во подготовка на слични продукти (30 поени)
• цена на чинење (20 поени)

Рок за пријавување
Пријавите со придружната документација треба да се достават најдоцна до 19-ти Февруари 2016 година по електронска пошта на: info@forumi.org.mk



Име:
Град:
Tetovo
Телефон:
044337440
Објавен на:
12.02.2016

ЦЕНА: По договор

Карактеристики:

Контакт

Име:
Zenski Forum
Град:
Tetovo
Телефон:
044337440
Објавен на:
12.02.2016
По email преку следнава форма:


Стави го следниот код(copy/paste) на твојот блог, или на било кој сајт каде што сакаш да се појави овој оглас:

За нас

ВИП маркет 5 е технички најоптимизираниот сајт за огласи во Македонија – предводник на современото е-огласување. Освен тоа што нашиот сајт е најпрепознатлив од сите пребарувачи (огласите на ВИП маркет 5 секогаш се пред тие од конкуренцијата кога се пребарува на Гугл да речеме), нуди и посебни технички можности што никој во Македонија досега не ги нуди.

Корисничка поддршка